Хрватска стартува само со тројца домашни играчи

Photo: IHF/Kolektiff

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Дагур Сигурдсон, објави список од 19 играчи на кои ќе смета за пријателските натпревари со Швајцарија на крајот од месецов во првата ЕХФ недела пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка 2026.

Ова е првиот состав во ерата по Дувњак, Карачиќ и Алиловиќ, а на списокот од 19 играчи, само тројца играат во Хрватска. Тоа се Лучин од Нексе, односно Главаш и Кларица од Загреб.
Другите се интернационалци од кои седум играат во Германија (Д. Мандиќ, М. Мандиќ, Кузмановиќ Шпикиќ, Мамиќ, Начиновиќ, Шимиќ) четворица во Унгарија (Циндриќ, Мартиновиќ, Шоштариќ и Јелиниќ) двајца во Франција (Мараш и Срна) и по еден од Словенија (Љевар), Полска (Шушња) и Австрија (Шипиќ).

Поврзани вести