Се разделија Куманово и Аце Станковски

Фото: МРК Куманово
Екипата на МРК Куманово ќе има нов прв тренер на клупата за претстојниот натпревар со РК Алкалоид во шестото коло од македонската Суперлига. 
Аце Станковски кој на чело на кумановската екипа дојде во пресрет на сезоната, заминува од екипата. Куманово ја официјализраше информацијата. 

Официјално од денес Аце Станковски не е прв тренер на МРК Куманово откако си поднесе оставка на кормилото прв тренер на македонскиот суперлигаш.
Засега позицијата шеф на стручниот штаб на МРК Куманово ќе ја преземе Љубиша Димковски кој минатата сезона го водеше тимот до опстанок во македонскиот машки ракометен шампионат.
МРК Куманово му се заблагодарува на Аце Станковски на досегашната соработка и негов ангажман и му посакува среќа и успех во неговата понатамошна професионална кариера и работа, објави МРК Куманово.

Поврзани вести