Тиквеш со два бода се враќа од Битола

Foto: RK Eurofarm Pelister

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГРК ТИКВЕШ 17-23 (8-13)
М. Фехми (4 одб), Мохамед Азиз 7, Белистојаноски 4 – Панов (5 одб), Коцев 4, Цветковски 3


Екипата на Еурофарм Пелистер 2 продолжи со играта топло-ладно и во шестото коло. Во последните три настапи е „ладно“ и го запиша четвртиот пораз, трет по ред во Суперлигата.
Откако го намачи фаворитот Охрид во четвртото коло и потоа загуби од Бутел Скопје, вечерва на домашен терен е поразен од тимот на ГРК Тиквеш и тоа без многу резултатска драма.

Битолчаните водеа во првите десетина минути од мечот, а потоа од резултат 6-6, гостите од Кавадарци направија серија од 4-0, поведоа со 10-6 и потоа го исконтролираа првиот дел до крајот (13-8).
Во второто полувреме, ГРК Тиквеш одигра смирено и не им дозволи на домашните да се доближат.
За битолчани оправдување што ќе го земеме предвид е дека настапија без француското засилување Одифре Баптист, го немаа на располагање ниту Христијан Митревски, а во текот на првиот дел се повреди и Стефан Дрогришки.

Поврзани вести