Брестовац ќе мине без последици

Photo: Jurij Vodusek/Rokometna zveza Slovenije

Играчки најнепријатниот момент на дерби мечот од минатото коло меѓу екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер што се одигра во Скопје, беше влезот на словенечкиот бек Јака Малус во голманскиот простор на битолскиот тим при што не можеше да избегне судар со младиот голман Давид Брестовац.

Словенецот заврши преку коленото на Брестовац и тој веќе не беше во состојба да го продолжи натпреварот.

Оваа епизода има и епилог, по извршените испитувања е констатирано дека за среќа нема внатрешни оштетувања на коленото на младиот голман и тој ќе мине со пократка пауза од ракомет, околу десетина денови.

Поврзани вести