Две македонски екипи елиминирани, една ќе оди напред

Фото: ЖРК Куманово

Екипите на ЖРК Куманово и ЖРК Чаир се елиминирани во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. Металург Автокоманда има отворен пат кон третото коло. 

Екипата на ЖРК Куманово ја совлада литванската екипа Гарлиава со 32-31 во реванш натпреварот одигран во кумановската сала и осовија бодови за македонскиот ракомет, но за жал тоа не беше доволно за пласман во следното коло затоа што на првиот меч запишаа пораз од седум гола разлика (25-32).
Екипата на ЖРК Чаир, пак, запиша втор пораз од словенечкиот тим Ајдовшчина. Откако во Словенија беше 24-27, во Скопје ракометарките на Чаир загубија поубедливо (27-33) и завршија со европскиот настап сезонава.

Екипата на Металург Автокоманда е на добар пат да се пласира во третото коло откако на првиот меч со екипата на Диферданж од Луксембург победи со 40-25. Реваншот се игра денеска, исто така во Скопје и очекуваме сигурен пласман на македонскиот тим во следното коло.

 

Поврзани вести