Машката кадетска репрезентација на Македонија, нова генерација на ракометари на крајот на месецов ја почнува својата европска приказна. Момците на возраст до 18 години ќе бидат предводени од Горан Кузманоски, а нивната авантура почнува со квалификации што ќе ги играат во Луксембург од 31 октомври до 2 ноември против репрезентациите на Финска, Грција и Луксембург, по тој ред.
Двете најдобропласирани репрезентации ќе настапат на М18 ЕХФ Еуро што ќе се одржи следното лето во Србија. Трето и четвртопласираната екипа ќе ја продолжат својата европска одисеја во ЕХФ Шампионатите.
Селекторот Горан Кузманоски, одреди поширок список од 35 играчи од кои ќе се состави потесниот ростер и тимот што ќе патува за Луксембург.