Данска против Македонија без бекот на Кил

Photo: THW Kiel

Репрезентацијата на Данска најверојатно нема да може да смета на услугите на ракометарот на Кил и еден од десните бекови за претстојното Европско првенство каде што е коорганизатор, а воедно е домаќин и противник на репрезентацијата на Македонија.

Емил Мадсен од Кил го пропушти дуелот со Хамбург во викенд колото во Бундеслигата, а според германските медиуми причината е повреда на коленото.
Таа повреда не е неивна и Германците информираат дека тој најверојатно до крајот на годинава веќе нема да се појави на терен.

Ако се остварат тие прогнози, со оглед на тоа дека шампионатот почнува во втората недела на јануари, Емил Мадсен најверојатно нема да го видиме на ЕП или барем на стартот на ЕП.
Македонија и Данска се среќаваат во првото коло на натпревар што ќе се игра во Хернинг.

Поврзани вести