-
08.10.2025
-
Македонски ракомет
Фото: Mkdhandball
По еднонеделната пауза поради Светското клупско првенство што се одржа во Египет, денеска продолжуваат натпреварите од групната фаза на Лигата на шампионите. Македонскиот првак Е. Пелистер денеска со почеток од 18:45 часот во Плоцк, Полска ќе се сретне со екипата на Висла Плоцк, шампионот на Полска во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите.
Ова ќе биде второто гостување на битолчани во ЛШ, откако како гости играа во Париз, а дома ги пречекаа екипите на Загреб и ГОГ Гудме.
Натпреварот ќе биде директно пренесуван на МТВ и на ТВ Арена Спорт 3.
Во вечераниот термин, од 20:45 часот директно ќе биде пренесуван натпреварот од групата „А“ меѓу екипите на Спортинг и Нант на каналот ТВ Арена Спорт 5 Премиум.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
СРЕДА 8.10.2025
18:45 Висла Плоцк – Е. Пелистер (МТВ-3, ТВ Арена Спорт 3)
18:45 ГОГ – Магдебург
20:45 Колстад – Алборг
20:45 Спортинг – Нант (ТВ Арена Спорт 5 Премиум)
ЧЕТВРТОК 9.10.2025
18:45 Веспрем – Келце
18:45 Барса – Сегед
20:45 Берлин – Динамо (Б)
20:45 ПСЖ – Загреб
ТАБЕЛА „А“: Берлин (6), Алборг (4), Веспрем (4), Спортинг (4), Нант (2), Келце (2), Колстад (2), Динамо (0)
ТАБЕЛА „Б“: Магдебург (6), Барса (4), Сегед (4), Висла (4), ПСЖ (2), ГОГ (2), Е. Пелистер (2), Загреб (0)
Поврзани вести