Хориха доби македонски пасош и ќе биде домашен играч во Вардар

Фото: РФМ

Праксата што беше речиси заборавена, на странски играчи да им се дава македонско државјанство, сега е пак актуелна откако украинскиот бек Димитро Хориха доби македонски пасош и во иднина во дресот на Вардар 1961 ќе настапува како домашен играч. 
Со тоа Вардар 1961 ќе има простор и за уште еден странец повеќе во екипата или заедно со Димитро Хориха би имал 10 странци во тимот за Суперлигата. Во Европските Купови не е лимитиран бројот на странски играчи. 

Државјанството, иако во случајот на Димитро Хориха најверојатно е без таква позадина, неминовно се поврзува и со комплетна натурализација, односно дозвола за настап за македонската репрезентација. 
Димитро Хориха во моментов не исполнува ниту еден од двата услови за настап за македонската репрезентација. Тоа се 36 месеци непрекинато живеење на територијата на федерацијата и три години пауза од последниот настап за претходната репрезентација. Димитро Хориха има официјален настап за Украина на 30 април 2023 година. 

Поврзани вести