Стигна Европа за Охрид и Тиквеш

Фото: ГРК Охрид

По елиминацијата на Бутел Скопје од луксембургшкиот тим Дуделанж, европскиот ред доаѓа за уште две македонски екипи, ГРК Охрид и ГРК Тиквеш кои со различни амбиции ќе стартуваат во ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување кое минатата сезона го освои македонскиот клуб РК Алкалоид.

ГРК Тиквеш утре со почеток од 16:00 часот во Истанбул ќе се сретне со екипата на Бешикташ на натпревар на кој македонскиот тим е аутсајдер.

ГРК Охрид двата меча со екипата на Баки од Азербејџан ќе ги игра во својата сала, првиот е утре со почеток од 18:00 часот и македонскиот тим е големиот фаворит за пласман во следното коло.

Поврзани вести