Photo: RK Vardar 1961
РК ВАРДАР 1961 – МРК СЕСВЕТЕ 34-29 (19-15)
Валах (12 одб), Хориха 8, Боно 6, Тузолана 6 - Периќ (5 одб), Раужан 9, Баковиќ 5
Екипата на Вардар 1961 успешно стартуваше во групната фаза на ЕХФ Европската лига и на премиерниот натпревар во Скопје го совлада хрватскиот тим Сесвете со 34-29.
Првиот гостин сезонава во Европската лига беше аутсајдерот во групата, МРК Сесвете кој е екипа која минатата сезона беше трета во Хрватска, во моментов е исто така трета, но во групата „Б“
*, концепт без странци, развоен проект каде што поголемиот дел од играчите се ракометари под 23 години, искомбинирани со неколку повозрасни играчи.
Тоа е дијаметрална спротивност на Вардар 1961, тим што е составен за да ги остварува поставените резултатски цели.
Една таква цел беше победа на вечерашниот дуел и Вардар тоа го реализраше без поголеми проблеми, иако во текот на натпреврот се играше стихијно, па свои периоди имаше и хрватскиот тим.
Генерално, Вардар имаше комплетна контрола на натпреварот. Уште во воведните минути предводен традиционално од Димитро Хориха кој ги постигна првите три гола на натпреварот за водство од 3-0, што подоцна стана 4-1, 6-3 па 9-4 по што тренерот на Сесвете, Игор Вори побара тајм аут.
Потоа Вардар подзастана и му дозволи на хрватскиот тим да фати свој ритам и резултатски се врати во игра и намали на 11-12 во 20 минута од натпреварот. Потоа се играше гол за гол до финишот на полувремето во кое Вардар поведуваше со два гола, а гостите успеваа да намалат на минус еден. Така до финишот во кој Вардар засили и брзо стигна до 19-15.
Во вториот дел, Вардар постигна два гола и поведе со 21-15, но не го дотолчи противникот, туку одново застана, овој пат комплетно и гостите направија серија од 6-0 со која го израмнија резултатот во 42 минута (21-21).
Тоа беше знак за будење на Вардар, одново прв повлече Хориха, го следеа Боно и Јанковски и за само две минути македонскиот тим беше на плус четири и овој пат не им дозволи на гостите да се вратат туку го контролираше резултатот до крајот на мечот и конечно, победата од 34-29.
* (Во Хрватска се игра како во Македонија пред две години, вкупно 16 екипи поделени во две групи 2х8 во регуларниот дел)