ГРК Тиквеш со пораз се одјави од ЕХФ Куп

Photo: Besiktas JK
 

ГРК ТИКВЕШ – БЕШИКТАШ 21-23 (10-8)
Печурица (16 одб) Цејовиќ 6, Мијушковиќ 5 – Јаткин (16 одб), Бабакан 7, Хачиоглу 5


Екипата на ГРК Тиквеш и оваа сезона, трета по ред не успеа да помине ниту едно коло во ЕХФ Европскиот Куп. Откако пред две сезони австрискиот Кремс беше подобар, а лани екипата на Драма од Грција, годинава кавадаречката екипа е елиминирана во својот прв настап од турскиот тим Бешикташ.
Турскиот состав беше фаворит во однос на кавадарчани и сѐ што требаше да (до)каже на терен, (до)кажа во првото полувреме одиграно во Истанбул што заврши со резултат 16-3.
Сѐ потоа е во сенка или под влијание на тие 30 минути. Турците во Кавадарци дојдоа со плус 11 (31-20), а во „Јасмин“ не се изнаиграа за волја на вистината.

ГРК Тиквеш водеше во целото прво полувреме, одлични беа црногорските интернационалци Василије Печурица и Балша Цејовиќ и на полувреме беше 10-8. Во вториот дел до 50 минута ГРК Тиквеш водеше, имаше 18-16 водство кое беше анулирано со серија од 3-0 по што Бешикташ во 53 минута прв пат поведе (19-18), а потоа стигна и до плус два гола (21-19) и конечно таа предност да стане и конечна (23-21)

Поврзани вести