Photo © MaxPetershans (via Wikimedia Commons),
CC BY-SA 4.0 (cropped image)
Кентан Мае, еден од последните француски репрезентативци од генерацијата која се нарекува „експерти“ објави крај на репрезентативната кариера. Кентан Мае има 34 години, a за репрезентацијата на Франција има 175 настапи и има освоено злато на Олимписки игри (2020), Светско првенство (2015,2017) и Европско првенство (2024).
Кентан Мае има 34 години, а куриозитет е што никогаш во кариерата нема играно за француски клуб. Освен ако се земе предвид периодот кога имал 6 до 8 години и почнал во пионерските екипи на Монако и Ница. На девет години се пресели во Германија, потоа Шведска, па одново Германија.
Кариерата на неговиот татко, Паскал Мае ја дефинираше и неговата. Паскал Мае е поранешен француски репрезентативец, во ерата кога нивните ракометари имаа прекар „Les bajrots“ (1993-1996).
Во сениорската кариера има играно за Гумерзбах, Хамбург, Веспрем, Флензбург и сега одново е во Гумерзбах.