ЕП 2026: Македонија против Словенија во Битола

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе има шанса да го поправи впечатокот што го остави на гостувањето во Германија.
Македонија денеска во Битола ќе игра против репрезентацијата на Словенија во рамките на второто коло од квалификациите за ЕХФ Еуро 2026. Во групата со Македонија, Словенија и Германија е и тимот на Белгија.

Натпреварот во Битола почнува во 18:00часот, а влезен билет за мечот чини 100 денари.

Европското првенство ќе се одржи во пет држави, домаќините имаат веќе обезбедено место, а покрај нив уште три селекции се директно пласирани и тоа го промени малку начинот на квалификациите. Овој пат, четири од шест третопласирани ќе одат на ЕП, заедно со двете најдобри екипи од сите шест групи.

Поврзани вести