Грчевски: Проблем е физичката спремност

Фото: РФМ

Македонската сениорска репрезентација ги загуби двата воведни дуели од квалификациите за ЕП 2026.
Очекувано, од нас подобри беа репрезентациите на Германија и Словенија, носителите во групата. Следните мечеви ќе ни бидат со Белгија, битно е да бидеме подобри од нив, а потоа уште еднаш со Германија и Словенија ќе играме за бод или поверојатно за помала негативна гол-разлика.
Македонија има минус од 24 гола и пласманот на ЕП и како третопласирана екипа не е загарантиран.

Македонија во првите две кола доста рамноправно во првото полувреме играше и во Германија и против Словенија, потоа следуваше многу лошо второ полувреме со големи периоди без постигнат гол.

„Мислам дека тоа се должи на физичка неспремност. Мислам дека дел за тоа е работа на клубовите, можеби девојките годинава имаат помала минутажа, немаат доволно натпревари, немаат доволно минути на терен и тоа се одразува на натпреварите со репрезентацијата. Се надевам дека на следните натпревари ќе размислат на таа тема, ќе се спремат подобро физички за да не паѓаме вака одеднаш.
Германија и Словенија, сепак, се за нас велесили. Доста сме подмладени, но имаме шанси добро играме и добро се бориме, но ете таа физичка неспремност ни прави проблеми, како во технички грешки, промашени шутеви...
Спасот ќе го бараме против Белгија, да победиме и дома и на гости и да обезбедиме пласман на ЕП како една од најдобри третопласирани репрезентации“, изјави селекторот Кристијан Грчевски.


Проблем со физичка спремност-неспремност речиси на почеток на сезона, на натпревари што не се турнирски и се одамна закажани, каде што не ни играме особено брз ракомет, не е само проблем со физичката спремност туку има пошироки димензии.

Сега следуваат месеци пауза, па дури во март два дуела со аутсајдерот Белгија каде резултатот не смее да биде ни предмет за дискусија, а потоа во април решавачките два дуела, дома со Германија и на гости со Словенија.

Поврзани вести