Данска побара забрана за бели шорцеви на СП

Photo: IHF/Kolektiff

Нов мундијал што ќе се одржува во Скандинавијата, донесе ново барање што речиси ексклузивно може да изникне само во овој дел.
Данска поддржана од Шведска и Норвешка, побара од ИХФ на претстојното женско Светско првенство што ќе се одржи во овие три земји, да не бидат дозволени бели шорцеви.

Не е прв пат и пред ОИ Париз имаше ваква идеја, но сега од позиција на домаќини на СП имаат поголемо влијание и решија да ја официјализираат како барање.
Причината поради која бараат да бидат отстранети белите шорцеви е непријатноста и нелагодноста на ракометарките кои ќе бидат во циклус и можноста крвта да биде видлива на шорцевите.
ИХФ го одби нивното барање.
Правилата налагаат екипите да имаат светла и темна гарнитура, но никаде не е специфично нагласено дека светлата мора да биде бела.
Дури и ако државните бои, во случајот на Данска црвени и бели, нив им налагаат да се игра во бела боја, не е забрането под шорцевите да се носи црна спортска долна облека како што на пример практикува Германија (фото).
 

Поврзани вести