ТВ Пренос: Тулуз - Вардар, Партизан - Кадетен, Адемар - Нексе

Вардар денеска на гостински терен во второто коло од ЕХФ Европската лига ќе се сретне со француската екипа Тулуз. Французите на почетокот на сезоната беа назначени како фаворити, но тие имаат слаб старт на сезоната во домашното првенство, а и без поразени на домашен терен од шведскиот Кристијанштат во првото коло.

Ваквиот развој на настаните оди во прилог на македонскиот клуб од кого вечерва (18:45 ч) очекуваме да го искористи моментот и со цел плен да се врати назад во Македонија. Со тоа и во пракса веќе би обезбедил место во следната рунда, но, мора да се оди според флоскулата „чекор по чекор“.

Натпреварот ќе биде пренесуван на МТВ и на ТВ Арена Спорт 2.

Денеска директен пренос ќе има и од натпреварот Партизан – Кадетен (18:45 часот, ТВ Арена Спорт 3 Премиум) и од дуелот меѓу Адемар и Нексе (20:45 часот, ТВ Арена Спорт 5).

Поврзани вести