Охрид потпиша со Кристијан Пилиповиќ

Голманот на швајцарскиот тим Кадетен Шафхаузен, Кристијан Пилиповиќ е новото засиливање за екипата на ГРК Охрид. 
Веќе најавивме ваков трансфер, но поради неговиот договор со швајцарскиот клуб, не беше сигурно дали ќе биде трансферот реализира. 
Сега е завршена работата и ГРК Охрид добива големо засилување на головот. Засега, барем до јануари ќе останат и другите голмани што клубот ги има на располагање. 

Кристијан Пилиповиќ е хрватски репрезентативец кој има настапувано и за репрезентацијата на Австрија. Со нив имаше настапи на СП и ЕП, беше прв голман во репрезентацијата до 2019, но реши да се врати на корените и во 2022 дебитираше за репрезентацијата на Хрватска. 

Поврзани вести