Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе се подготвува за настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка со контроли натпревари против тимот на Јапонија што ќе се одиграат во рамките на Неделата на ЕХФ на крајот на месецов.
Селекторот Кирил Лазаров објави список на повикани ракометари за овој настап, на кој има неколку нови моменти што би можеле да бидат најава за изгледот на „вистинскиот“ список на играчи, тие што ќе бидат повикани за настап на ЕП.
Дејан Манасков е одново на списокот на репрезентативци. Тој игра одлична сезона во Е. Пелистер ја враќа препознатливата форма и доби повик. Филип Талески е на списокот на резерврни играчи, а таму е и Никола Маркоски. На овој список се и ракометарите кои се рехабилитираат од повреди, Никола Костески, Марко Митев, Томислав Јагуриноски и Милан Лазаревски.