Какви продукти се новата ЛШ и ЕХФ Европската лига?

Европската ракометна федерација вчера ги објави новите формати за натпреварување во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската лига, а акцентот е на проширувањето на Лигата на шампионите.
ЛШ следната сезона ќе има 24 екипи, тоа се осум повеќе, место досегашните 16 и Прелиминарна рунда што е многу слична на еден систем по кој се играше ЛШ пред дваесетина години.
ЕХФ Европската лига ќе стартува со 32 екипи без квалификации што претставува кратење за 12 екипи во однос на тековнава сезона.
ЕХФ Европската лига во текот на натпреварувањето во два наврата ќе биде пополнета со вкупно 14 екипи што ќе испаднат од ЕХФ Лигата на шампионите.

ПОВЕЌЕ ПРАШАЊА ОД ОДГОВОРИ
Ќе треба да чекаме уште два месеца за да видиме комплетиран производ за следната сезона и што ова ќе значи за македонските клубови. ЕХФ не одговори како ќе бидат селектирани учесниците во Лигата на шампионите и во ЕХФ Европската лига. Ранг листа ќе биде соопштена во декември, откако ќе ја верификува ИО на ЕХФ. Во декември ќе донесат одлука каква што ќе донесат, но ЕХФ остана должен со многу информации.
Нема одговор на важно прашање – Како ќе се пополни Лигата на шампионите, за кого се тие осум места плус?
Друго важно прашање, остануваат ли фамозните вајлд карти?
Дали ќе остане принципот една држава да има најмногу две екипи во ЛШ?
Дали ќе има промени во ЕХФ Европскиот Куп, црната овца во европските натпреварувања?
Дали актуелниот шампион ќе има каква било привилегија за следната сезона? Дали шампионот во ЕХФ Европската лига ќе има каква било привилегија?
Од овие прашања може да извлечеме уште подпрашања на кои одговор требаше да има уште вчера.

Поврзани вести