Филип Јиха останува тренер на Кил

Photo: THW Kiel

Чешкиот тренер Филип Јиха ќе продолжи да биде тренер на Кил најмалку до јуни 2028 според новиот договор што го потпишаа во пресрет на викенд колото во Бундеслигата.
Филип Јиха во Кил дојде во 2008 и остана до 2015 година кога замина да игра за Барселона.
По три години се врати назад, во 2018 стана асистент тренер, една година подоцна, прв тренер на Кил.
Со Јиха на клупата, Кил стана европски првак во 2020, германски шампион во 2020, 2021, 2023, победник на Куп на Германија 2022,2025 и Суперкуп победник 2020, 2021, 2022, 2023.

Последните две сезони Кил не успеа да се пласира во Лигата на шампионите и тренерската позиција на Филип Јиха беше сериозно доведена во прашање. Се споменуваа неколку тренери кандидати да го заменат, а прв на таа листа беше Талант Душебаев.

Но, настрана јавноста и медиумите, Кил и Јиха нивната приказна ја пишуваа во позадина и денеска се пофалија дека се договориле за продолжување на соработката до јуни 2028.

Поврзани вести