ТВ ПРЕНОС: Мадебург - Е. Пелистер, Веспрем - Берлин

Денеска ќе се игра последното коло од Лигата на шампионите пред паузата за репрезентациите и Неделата на ЕХФ.
Македнскиот првак Еурофарм Пелистер е на најтешкото гостување, кај актуелниот европски првак Магдебург.
Натпреварот меѓу Магдебург и Е. Пелистер ќе се игра со почеток од 20:45 часот, а директно ќе биде пренесуван на МТВ -3 и на ТВ Арена Спорт 5.
Во терминот од 18:45 часот во Веспрем ќе се сретнат екипите на Веспрем и Фуксе Берлин, а пренос од овој натпревар ќе има на ТВ Арена Спорт 5.

Љубителите на Бундеслигата со почеток од 19:00 часот на ТВ Арена Спорт 6 ќе можат да го следат дуелот меѓу Гумерзбах и Кил.

Поврзани вести