СОСТАВИ: Магдебург со сите сили, Е. Пелистер без Хенигман и Хеидарирад

Фото: РК Еуорофарм Пелистер

Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт и тренерот на Е. Пелистер, Рубен Гарабаја ги објавија имињата на играчите со кои ќе го играат натпреварот во Лигата на шампионите во познатата Гетек Арена, домот на гладијаторите од Магдебург.

Во сставот на македонскиот тим се враќа голманот Давид Брестовац, а надвор од терен и натаму е иранскиот голман Сеид Хеидарирад. За денешниот меч, Гарабаја нема да смета ниту на Ник Хенигман, а по еден меч пауза одново ќе игра Богдан Радивојевиќ.

Германците со најсилниот расположлив состав во моментов, ќе ги видиме на терен ѕвездите Клар, Гисли, Саугструп, Хернандез, Бергендал, Магнусон и Јоносн, но и натаму во нивната екипа ги нема суспендираниот Никола Портнер, потоа повредените Матијас Муше и опасниот швајцарски плејмејкер Мануел Зендер.

Поврзани вести