Е. Пелистер на минус десет во Магдебург

МАГДЕБУРГ - Е. ПЕЛИСТЕР  36-26 (19-13)
Хернандез (14 одб), Магнусон 10, Клар 5, Саугструп 5 - Митревски (8 одб), Кузмановски 6, Хаџиќ 4


Македонскиот првак Е. Пелистер го запиша петтиот пораз по ред во Лигата на шампионите сезонава. На најтешкото гостување, кај актуелниот европски првак Магдебург, екипата на Е. Пелистер беше поразена со 10 гола разлика (26-36) на натпревар на кој македонскиот тим и покрај двоцифрениот минус не се посрамоти, а неколкуте атрактивни потези и голови низ текот на натпреварот го поправија и впечатокот што го остава бавната игра.
Магдебург со години беше само екипата што игра најубав ракомет за око во Германија, но потоа добри играчи се вклопија во системот, стигнаа и резултатите и сега се машина против која тешко се наоѓа противигра. Македонскиот тим денеска немаше шанси за добар резултат, тоа беше видливо, но беше ниту сеедно како ќе изгледа натпреварот.
На почетокот на овој дуел, многу брзо влегоа во ритам домашните, поведоа 6-3 и Гарабаја веќе бараше тајм аут за да спречи многу рано да се одлепат и поважно да го наруши ритамот.
Со долги напади беше намален интензитетот на мечот, иако домашните своите напади ги решаваа многу брзо, во неколку потези. Тоа не е затоа што одбраната на Е. Пелистер беше лоша, туку едноставно, играчите на Магдебург се толку добри.

Битолчани поддржани од Жарко Пешевски на линијата и Филип Кузмановски од бековската линија, а во одбрана со неколку интервенции на Митревски спречи домашниот состав да се одлепи. Играше смирено, ја чекаше својата шанса во нападот имаше неколку атрактивни обиди и голови и успеа до крајот на полувремето да остане на минус од само шест гола.
Во вториот дел, домашните стигнаа и до плус 11, но имаше многу ротации на двете страни, а Гарабаја речиси една четвртина од натпреварот одигра со Павле Атанасијевиќ, Хаџиќ и Видомски во нападот.
Во следното коло во Лигата на шампионите, во Битола ќе гостува екипата на ПИК Сегед.

Поврзани вести