- 
            
            25.10.2025
        
- 
                          
                Македонски ракомет
        
        Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски
РК АЛКАЛОИД - РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2  37-25 (20-11)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегат: Камер Металари
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (7 одб), Галевски 1 (3 одб), Џонов 4, Тордарсон 2, Маркоски 2, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 1, Ѓоргиев 1, Ивановски 1, Костески 7, Петковски 4, Борзаш, Аларов, Иваноски 1, Ѓорговски 5
Седмерци: 6/6 Исклучувања: 6 мин.
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2: М. Фехми, Марковски 6, Лозановски, Гичев, Даневски, Велески, Митревски 7, Јовановски, Шулески, Младенов, А. Фехми, Димитровски, Белистојаноски 2,  Дрогришки, Мафдух 4, Баптис 6
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.
Алкалоид и Вардар остануваат двата тима што немаат пораз во Суперлигата сезонава и по 10 одиграни кола. Вечерва во Автокоманда гостуваше екипата на Е. Пелистер 2, а бодовите се преселија на контото на скопскиот клуб кој запиша победа од 37-25. 
Помладиот битолски тим почна инспирирано, но по десетина минути игра Алкалоид ја имаше контролата и водство од 6-3. Гостите пружија отпор во следните десет минути, беа резултатски во игра, намалија на 9-10, но потоа следеше серија од 5-0 за домашните, а водството од 15-10 порасна на 20-11 на полувреме или вкупна серија од 10-1 направи Алкалоид во првиот дел. 
Не многу различно беше и во второто полувреме. Битолчани намалија на шест гола разлика и успеваа да се одржат на таа дистанца до 50 минута, но во последните 10 минути имаше нова доминациа на Алкалоид и мечот заврши со разлика од 12 гола. 
 
    
   
    
    
    
 
 Поврзани вести