Европската ракометна федерација денеска ја објави ранг листата во женските европски купови и распредели која земја колку места во кој Европски Куп ќе има.
Македонија и следната сезона нема да има место во Лигата на шампионите.
Во ЕХФ Европската лига има скок од три места и место досегашното 19 сега Македонија е на 16 место на ранкингот на ЕХФ Европската лига. Тоа, пак, значи дека следната сезона место досегашното едно, сега ќе имаме две места во ЕХФ Европската лига.
Во ЕХФ Европскиот Куп, Македонија има пад од едно место и сега ќе стартува од седмата позиција. Две екипи Македонија може да ги пријави во овој Куп.
Дистрибуцијата на позициите во европските купови во машка конкуренција ќе биде извршена во декември затоа што се менува форматот на Лигата на шампионите и ЕХФ Европските купови и сѐ уште не е прецизирано како ќе бидат поделени местата.