Вардарецот Пинто доби повик од селекторот

Photo: RK Vardar 1961

Португалскиот интернационалец Мигуел Пинто кој настапува за екипата на Вардар 1961 доби повик од селекторот на Португалија, Пауло Переира за настап за сениорската репрезентација во претстојната Недела на ЕХФ.
Португалија која е противник на Македонија во групната фаза на Европското првенство во 2026, во подготовките ќе одигра два контролни натпревари со тимот на Египет.
Мигуел Пинто е дел од овој, комбиниран состав на Перериа во кој ги нема ведетите Мартим Кошта, Руи Силва и Алкександре Кавалканти, но повикот може да значи дека ќе го гледаме во јануари во Данска и тоа можеби и на дуел со репрезентацијата на Македонија.

Поврзани вести