Петар Атанасијевиќ доби повик од селекторот Лазаров

Селекторот Кирил Лазаров повика нов играч во репрезентацијата за претстојните дуели со националниот тим на Јапонија што ќе се играат во Куманово.

Петар Атанасијевиќ, левото крило на актуелниот првак Еурофарм Пелистер ќе биде на утрешниот собир на националниот тим. Петар Атанасијевиќ беше на списокот за овој собир во резервниот тим, но сега ќе добие шанса и заедно со Иван Џонов ќе ја комплетира позицијата лево крило.

Тој доаѓа на местото на Дејан Манасков кој вчера јавно се изјасни дека нема да игра за репрезентацијата на Македонија.

Поврзани вести