Романија го загуби Григорас за ЕП

Photo: Tatabanya Handball (cropped image)

Романските медиуми денеска информираа дека повредата на десниот бек на Татабања, Романецот Демис Григорас има сериозен карактер и дека тој ќе мора со операција да го реши проблемот со менискусот и лигаментот.
Григорас ќе го пропушти Европското првенство во Данска каде што во третото коло, неговата Романија ќе игра против Македонија, можеби клучен натпревар за пласман во првиот шешир за ждрепката за следното СП во 2027.
Демис Григорас е можеби најдобриот романски играч во моментов. Тој од 2016 до 2019 играше за екипата на Татабања, потоа замина во Франција во Шамбери, а оттаму во Бенфика каде што беше соиграч со Филип Талески.
Сезонава одново се врати во Татабања со која игра во ЕХФ Европскиот Куп.
Романија, заедно со Македонија, Данска и Португалија ќе игра на ЕП во данскиот град Хернинг. Две репрезентации ќе поминат во Главната рунда, за две ЕП ќе заврши по три натпревари. Третопласираната екипа во групата ќе има шанса да биде во првиот шешир за следната ждрепка доколку се пласира меѓу првите 16 екипи.




 

Поврзани вести