Дика Мем во Берлин?

Photo: RFM

Повеќе од еден месец се „шушкаше“, но звучеше премногу неверојатно за да биде вистинито. Но, сега дојде и до ушите на германските новинари и информацијата ја виде светлината на денот.
Дика Мем, десниот бек на Барса е пред можен трансфер во Берлин. А таму на позицијата десен бек игра Матијас Гидсел, можеби најдобриот десен бек во моментов. 

Матијас Гидсел доби нова улога во репрезентацијата на Данска и таму сега игра како среден бек. Можеби истото ќе биде и во Берлин ако дојде Дика Мем. 
Или, пак, Берлин на овој начин едноставно демонстрира моќ. 

Дика Мем одамна е цел на повеќе клубови, но и на трансфер шпекулации. Можеби и оваа со Берлин ќе биде дел од таквите, иако информацијата доаѓа од сериозни извори. 

Поврзани вести