-
12.11.2025
-
Македонски ракомет
Фото: РК Алкалоид
ГРК ОХРИД - РК АЛКАЛОИД 28-24 (17-11)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Делегат:
ГРК ОХРИД: Пилиповиќ, Блажески, Ѓорѓески, Стрмљан 11, Ојлески 1, Јагуриноски 2, Иванковиќ 7, Кукуловски, Крсманчиќ, Ристески, Тасески 2, Моралес, Савревски 2, Љапис 1, Петриќ, Ѓукиќ 2
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 8 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 2, Тордарсон 2, Серафимов 2, Карасманакис, Стојковиќ, М. Митев 5, Ѓоргиев 1, Велковски 1, Симоноски 1, Ивановски, Костески 3, Д. Митев 6, Аларов, Ѓорговски 1
Седмерци: 7/8 Исклучувања:
Екипата на ГРК Охрид го доби дербито со Алкалоид и го презема третото место на табелата по премиерниот натпревар од 12 коло.
Победата на охриѓани е потпишана од словенечкиот ракометар Тилен Стрмљан кој го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Охрид.
По првите 15 минути кои беа израмнети и играчки и резултатски (6-6), потоа Алкалоид остана со играч помалку по исклучување на Серафимов, а домашните тоа го претворија во вкупна серија од 4-0 и поведоа со 10-6.
Стрмљан и Иванковиќ го имаа главниот збор на теренот, а помагаше и Пилиповиќ на голот, па домашните немаа потешкотии за да го одбранат водството. И не само тоа, до полувреме и го зголемија на плус шест. Малер плус за гостите беше црвениот картон што го доби Марко Стојковиќ.
Алкалоид на овој меч ги имаше рековалесцентите Ѓоргиев и Марко Митев и може да биде задоволен од нивниот перформанс Кирил Лазаров, затоа што Марко Митев кој долго беше отсутен покажува знаци на подобрување.
Алкалоид брзо намали на четири разлика во второто полувреме, но Стрмљан со својот 10 гол спречи тоа да се претвори со серија.
Алкалоид почна да игра подобро и намали на минус два гола (20-22) во 46 минута, но тоа за гостите беше само краток блесок по кој повторно почнаа полека да тонат.
Играта на Охрид почна да го губи ритамот, но секогаш имаше некој расположен да погоди дури и од неизградена позиција. Анте Иванковиќ беше во следниот период играчот што го држеше Охрид на дистанца, а потоа во финишот Алкалоид влезе во серија на грешки и домашните одново го вратија големото водство и стигнаа до сигурна победа.
Поврзани вести