Голема ЛШ победа за Е. Пелистер!

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Е. ПЕЛИСТЕР - ПИК СЕГЕД  25-24 (11-8)
Пешевски 7, Кузмановски 4 - Гарсијандија 6, Фримел 5


Македонскиот првак, екипата на Е. Пелистер денеска ја запиша втората победа во годинешното издание на Лигата на шампионите.
Вториот тим што ги остави бодовите во Битола, по екипата на Загреб, е тимот на ПИК Сегед, вицепрвакот на Унгарија.
Битолчани се во нова ракометна еуфорија која им донесе фантастичен старт на натпреварот. Сеид Хеидарирад и Никола Митревски блескаа на голот, Унгарските напаѓачи сосема го загубија чекорот и по десет минути игра беше 5-0 за Е. Пелистер.
Таквиот старт ја одреди насоката на натпреварот. Пред полни трибини, Е. Пелистер ја одржуваше разлика која по 22 минути игра изнесуваше 10-5, а на полувреме резултатот беше 11-8.
По само шест минути игра во вториот дел ПИК Сегед стигна до израмнување (12-12), а кратко потоа и прв пат поведе на натпреварот.
Во следните минути, до крајот, натпреварот беше и игра на нерви, надмудрувања, за конечно во последната минута при нерешен резултат (24-24), Јим Готфридсон да направи клучна грешка, пробивање во напад по што битолчани добија посед на топка во последните 30 секунди. Изнудија пенал, Радивојевиќ беше сигурен, а во десетината секунди што останаа Сегед не организираше квалитетен напад и победата им припадна на ракометарите на македонските клуб.

Поврзани вести