Фото: РК Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер направи подвиг во својата сала, го совлада тимот на ПИК Сегед и од отпишан тим во ЛШ, сега одново е екипа што ќе игра за резултат и има шанса, доколку победи на пример и против Загреб, на пролет комплетно да биде резултатски во игра, рамо до рамо со ривалите ГОГ и ПСЖ во прв ред.
Битолчани ги искористија сите свои адути против унгарскиот состав. Салата преполна, амбиентот препознатлив, во замката се фати поранешниот вардаров играч Глеб Калараш кој уште повеќе ги разгоре страстите, за конечно Е. Пелистер да победи минимално 25-24.
Тренерот Рубен Гарабаја по натпреварот не штедеше на зборови за пофалба.
Натпреварот го почнавма со неверојатна одбрана, мислам дека тоа го сфати и ПИК Сегед и почна да игра „седум на шест“. Имавме неверојатен голман во првиот дел, но со „седум на шест“ противникот дојде до лесни шутеви и ни направи проблем. Во вториот дел се боревме и ние и тие, плус еден за нас, плус еден за нив, но на крајот победивме како тим.
Секој играч си ја сфати својата улога и сите разбраа дека се важни во овој меч. Кога сите работи функционираат и ние сме како тим, може да го победиме секого“, изјави Гарабаја.