Колку пари му требаат на Берлин за Питлик?

Photo: IHF/Kolektiff (cropped image)

Фуксе Берлин ја освои прв пат шампионската титула во Германија, играше и финале на Лигата на шампионите, а откако стигна до овие врвови, на теренот не им оди како порано, го сменија и тренерот и воопшто поинтересни се приказните во медиумите за нив, отколку што се „интересни“ на терен.

Дека Дика Мем би можел во 2027 година да оди во Берлин е отворена опција. Мем има договор со Барса до 2027, на Берлин не му се брза затоа што го има Гидсел на таа позиција, а наводно и веќе бил во Берлин францускиот бек и ги разгледал тренинг центрите.

Друго многу поверојатно сценарио е преселбата на Симон Питлик од Флензбург во Берлин и така и на клупски план би играл заедно со Гидсел.
Питлик има договор со Флензбург до 2029, но има и опција во 2027 да го раскине договорот со одредена отштета.
Германскиот „Билд“ открива дека клаузулата за раскин на договорот во 2027 се активира со фиксна сума од 750.000 евра.




 

Поврзани вести