Топ вести: Бомбач во Е. Пелистер, со скопско злато кон Барса...

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Словенечката ѕвезда Дејан Бомбач имаше неславен крај во екипата на Ѓер и среде сезона остана без клуб. Истовремено во Битола се отвора врата за ангажман на Дејан Бомбач, затоа што сосема извесно неговиот сонародник Нејц Цехте ќе замине правец Берлин, а клубот ќе биде компензиран за тој трансфер.

Е. Пелистер ги има Хосни и Видомски на позицијата десен бек и нема да има потреба да купува друг леворак играч откако ќе замине Цехте, а за Бомбач сигурно би се нашло место во тимот, особено што може уште веднаш да игра и во Лигата на шампионите.

Данскиот првак Алборг се заштити од апетитите на клубовите кои имаат поголеми буџети и не штедат кога се во прашање врвните ракометари. Најдобриот скандинавски тим во моментов, потпиша нов договор со десниот бек Мадс Хоксер со важност до 2030 година.
Мадс Хоксер ќе го гледаме како партнер и алтернатива на Матијас Гидсел на Европското првенство на кое уште во првото коло се среќаваат Македонија и Данска.

Промената на тренерот непосредно пред нокаут дуелите со унгарскиот тим Естергом не беше добитна комбинација за преамбициозниот тим на Ц. Звезда. Унгарките славеа на двата натпревари, а лесно може да се случи тие два меча да бидат и единствените европски за Шандор Рац на кормилото на Ц. Звезда. Шпекулациите велат дека довчерашниот селектор на женската репрезентација на Србија, Норвежанецот Бент Дал ќе биде новиот тренер, можеби уште од денеска.




Барса го доведе од Исланд и помладиот брат на голманот Виктор Халгримсон. Алекс Унар Халгримсон, момче со неполни 18 години од позицијата лево крило кое летово освои златен медал во Скопје на Младинските олимписки игри почна да тренира со екипата на Барса.



 

Поврзани вести