Проблеми за Данска пред ЕП

Photo: IHF

Селекторот на репрезентацијата на Данска, Николај Јакобсен се соочува со проблеми пред почетокот на ЕП, закажано за помалку од два месеца.
На вчерашниот дуел меѓу Алборг и Келце, се повреди Томас Арнолдсен. Со помош на соиграчите го напушти теренот, а сѐ што во моментов се знае е дека е повреда на коленото. Според тоа како изгледаше целата ситуација, се чини дека се работи за сериозна повреда.

Томас Арнолдсен е шестиот повреден лев/среден бек на репрезентацијата на Данска.
Надвор од теренот се Расмус Лауге, Арон Менсинг, Ласе Мелер, Маркус Митгард и Јакоб Холм.
Дали некој од нив ќе се врати навреме за настап на ЕП е отворено прашање.

Но, за каква репрезентација станува збор ќе посведочи фактот дека и покрај шесте повредени репрезентативци, одново ќе имаат една од најсилните бековски линиии, затоа што Данска ќе може да смета на Симон Питлик од Флензбург и Ласе Андерсон од Берлин.
Македонија со Данска ќе игра во првото коло од Европското првенство.

Поврзани вести