Се повреди уште еден дански репрезентативец

Photo: IHF

На помалку од еден месец до почетокот на подготовките, а помалку од два месеца од стартот на Европското првенство, во репрезентацијата на Данска има најмалку седум повредени репрезентативци.
Од вчера друштво на Лауге, Менсинг, Арнолдсен, Холм, Мадсен... им прави и крилото на Флензбург, Емил Јакобсен.
На натпреварот со Мелзунген, на десетин минути до крајот, Јакобсен беше спречен во контранапад од сонардоникот Николај Ендерлејт. Притоа незгодно се беше приземјен, го повреди рамото и не можеше да го продолжи натпреварот.
Деталите околу неговата повреда и времето на отсуство дополнително ќе бидат познати.




 

Поврзани вести