Кадетите на Е. Пелистер ќе играат за Ф4 во Келн и оваа сезона

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Убава вест стигна во Битола од европската ракометна централа во Виена. 
Кадетскиот тим на Еурофарм Пелистер, актуелен првак на Македонија во Генерација 2008 и сезонава доби покана од ЕХФ за учество на Youth Club Trophy, натпреварување во кадетска конкуренција (2008 и помлади) за кое покана добиваат екипите што се подмладок на учесниците во сениорската Лига на шампиони.

За разлика од сениорската ЛШ, во кадетска конкуренција се игра по поинаков систем. Вкупно 16 екипи ќе бидат поделени во четири групи, а победниците ќе играат на Фајналфор турнир во Келн. Минатата година, финалето се играше во Ланксес Арена како предигра за финалето на сениорската Лига на шампиони.
Следната година ќе се одржи второто издание, а досега учество покрај Еурофарм Пелистер потврдија два дански клуба – Алборг и ГОГ. Екипата на ГОГ е актуелен шампион во ова натпреварување.
Еурофарм Пелистер минатата сезона направи голем подвиг, беше победник на групата во која беа Динамо Букурешт, Висла Плоцк и Келце и се пласираше на Ф4 турнирот каде што во полуфиналето беше поразен од новиот првак ГОГ.












 

Поврзани вести