Ракометната федерација информираше дека беше успешно реализирана акцијата со која донација од по 10 ракометни топки доби секој клуб. Акцијата важеше за машките клубови од Првата лига, како и за клубовите од Женската Супер и Првата женска лига, а беше остварена во соработка со Светската ракометна федерација (ИХФ).
„Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да ги поддржува клубовите, создавајќи подобри услови за развој и унапредување на нашиот спорт.
Воедно, пристигна и новиот Gerflor под за потребите на Федерацијата – уште една значајна донација од IHF, објави РФМ.
РФМ изрази и голема благодарност до ИХФ за континуираната поддршка, довербата и вложувањето во македонскиот ракомет.