СП ЖЕНИ: Србија и Исланд е дерби на денот, резултати и парови

Photo © IHF

Светското првенство во женска конкуренција што се одржува во Германија и Холандија, а на кое учествуваат 32 репрезентации од кои дури 24 ќе продолжат во следната фаза, реално во првите денови од Групната фаза нема да понуди многу возбудувања. Тоа е така затоа што во секоја група има барем еден изразит аутсајдер, а тоа во принцип неевропска репрезентација. 
Но, откако во шест од осумте групи се комплетираше првото коло, на ред доаѓаат и пресметки меѓу поквалитетни репрезентации кои ги собираат бодовите за продолжението од мундијалот. 

Денеска дерби на денот е дуелот меѓу репрезентации на Србија и Исланд. Србија имаше лесна задача со Уругвај, а Исланд беше поразен од фаворитот Германија, па меѓусебната средба има повисок влог за двата тима. 
Денеска мундијалот почнува за Холандија, еден од домаќините на СП, а прв пат на терен ќе биде и еден од фаворитите за медал, репрезентацијата на Франција. 


СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 1 КОЛО:

ГРУПА „А“
Данска - Јапонија  36-19
Романија - Хрватска  33-24

ГРУПА „Б“
Швајцарија - Иран  34-9
Унгарија - Сенегал  26-17

ГРУПА „Ц“
Србија - Уругвај  31-19
Германија - Исланд  32-25
18:00  Уругвај - Германија
20:30  Србија - Исланд

ГРУПА „Д“
Шпанија - Парагвај  26-17
Ц. Гора - Ф. Острови  32-27
18:00  Парагвај - Ц. Гора
20:30  Шпанија - Ф. Острови

ГРУПА „Е“
18:00  Австрија - Египет 
20:30  Холандија - Аргентина

ГРУПА „Ф“
18:30  Полска - Кина
20:30  Франција - Тунис

ГРУПА „Г“
Бразил - Куба  41-20
Шведска - Чешка  31-23

ГРУПА „Х“
Ангола - Казахстан  38-20
Норвешка - Ј. Кореја  34-19

 

Поврзани вести