Женската репрезентација оди на турнир во Турција

Фото: РФМ

Македонската женска репрезентација не е дел од Светското првенство што веќе трет ден се игра на терените во Германија и Холандија, но нема да остане неактивна во периодот кога нема клупски активности и сѐ е подредено на мундијалот.
Македонија заедно со репрезентациите на Словенија и два идни домаќини на ЕП 2026, а тоа се Турција и Словачка ќе учествува на турнир што ќе се одржи во Анкара од 4 до 7 декември.
Првиот собир е денеска и е во рамки на ракометниот караван што го одржува РФМ, а денеска караванот има станица во Кавадарци.




 

Поврзани вести