-
28.11.2025
-
Македонски ракомет
Фото: РК Еурофарм Пелистер
Екипата на Висла Плоцк по втор пат го совлада тимот на Пари Сен Жермен и со тоа индиректно ги зголеми шансите и на македонскиот првак Еурофарм Пелистер да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Слабите резултати на ПСЖ, серијата на порази во која влезе ГОГ го одржаа Е. Пелистер во игра за Плејоф, но за да зачекори кон нокаут фазата ќе треба самиот да си ја заврши работата.
Пари Сен Жермен и ГОГ Гудме имаат само два бода повеќе од Е. Пелистер на табелата. Парижаните ќе гостуваат во Битола, а ГОГ ќе биде домаќин на Е. Пелистер. Но, клучниот натпревар, ракометарите на македонскиот клуб ќе го играат во следното коло, на гостински терен кај екипата на Загреб.
Ако битолскиот тим успее да победи, а тоа досега им успеа на сите што играа со Загреб, тогаш ќе се израмни на табелата со шест бода со ПСЖ и ГОГ и сите опции ќе бидат отворени.
Е. Пелистер ќе има и домашен меч со Висла Плоцк на кој можеби ќе успее да направи подвиг каков што направи против Пик Сегед. Висла и минатата година играше во Битола и беше поразена.
Тоа што на почетокот на сезоната изгледаше како невозможно, сега е практично на дофат. Четири натпревари на кои ракометарите на Е. Пелистер имаат шанса да освојат бод(ови) се пред нив. Првата раскрсница веројатно ќе биде клучната, а таа е мечот со Загреб во Хрватска следната недела.
Претходно, викендов, во недела ќе играат и важен меч во Суперлигата на домашен терен со Алкалоид. Во Авткоманда на почетокот на сезоната успеаја во финишот да изведат пресврт и да искубат еден бод, а сега на домашен терен со ритамот што го фатија во ЛШ ќе биде изразити фаворити.
ТАБЕЛА:
1. Магдебург (18), Барса (16), Висла (12), Сегед (10), ПСЖ (6), ГОГ (6), Е. Пелистер (4), Загреб (0)
Е. Пелистер до крај: Загреб (г), Висла (д), ГОГ (г), ПСЖ (д), Барса (г)
ПСЖ до крај: Барса (г), Загреб (г), Сегед (д), Е. Пелистер (г), Магдебург (д)
ГОГ до крај: Висла (г), Магдебург (г), Е. Пелистер (д), Сегед (г), Загреб (д)
Поврзани вести