ТОП ВЕСТИ: Мем и Питлик во Берлин е готова работа, колкави премии имаат Германките на СП...

Photo: РФМ

Данските медиуми пишуваат дека трнсферот на вонсериоскиот ракометар Симон Питлик од Флензбург во Берлин не е прашање на време, туку е прашање на ден кога веста официјално ќе биде објавена.
Истовремено повеќе портали информираат дека е завршена работата и околу трансферот на Дика Мем од Барса во Берлин и наскоро и таа вест ќе биде официјално потврдена.

⇒ Доскорешниот репрезентативец на Данска, плејмејкерот Мортен Олсен откако на 41 година ја заврши кариерата, продолжува како тренер. Тој е назначен за тренер на американската екипа Лос Анџелес. Мортен Олсен во ЛА доаѓа на местото на германскиот тренер Франк Карстенс кој неодамна го замени „пелистерецот“ Раул Алонсо во екипата на Лајпциг.
Лос Анџелес, пак, е екипа во која играат неколку познати европски имиња како Виран Морос, Домагој Сршен, Мошен Бабасафари итн.

⇒ По Жикица Милосављевиќ и Драган Радисављевиќ, машката екипа на Ц. Звезда го доби третиот тренер сезонава. Во битката за опстанок ќе ги води Андреја Вукојевиќ, донеодамна тренер многу поамбициозниот женски тим на Ц. Звезда.

⇒ Ако женската репрезентација на Германија стане светски првак на мундијалот што го организира заедно со Холандија, ќе добие премија од 425.000 евра. Ако освои сребрен медал ќе добие 300.000 евра, а премијата за бронзен медал е 200.000 евра. Ако се пласира во полуфиналето и заврши на четвртото место ќе добие премија од 50.000 евра.




 

Поврзани вести