Кристијан Прокоп заминува од Хановер

Photo: TSV Hannover - Burgdorf

Бундеслигашката екипа која имавме можнос да ја видиме во Автокоманда на почетокот на сезоната, ТСВ Хановер - Бургдорф, официјализираше дека се разделува со тренерот Кристијан Прокоп. 
Прокоп не добива моментален отказ, многу подостоинствено ќе се реализира целиот процес, туку на крајот на сезоната нивната соработка завршува. 
Ваквото сценарио можеше да се претпостави. Кристијан Прокоп е на кормилото на клубот од 2021, минатата сезона беше најдобрата за клубот, но годинава се далеку од ланското ниво. Се чини дека единствениот натпревар на кој беа на високо ниво беше домашниот меч со Алкалоид во квалификациите за ЕХФ Еввропската лига. 
Хановер не e дека е слаб, стабилен е на средината на табелата, ама да го повтори ланскиот успех. Тоа доведе до долги разговори по што двете страни се договорија во јуни да се разделат. 

Веќе се споменуваат и можните наследници на Кристијан Прокоп, а тоа се четири познати имиња: доскорешниот тренер на Берлин, Јарон Сиверт и Хуан Карлос Пастор, двајцата без клуб во моментов и двајца тренери што работат во Шведска - Оскар Карлен и Патрик Фалгрен. 

Поврзани вести