Кико Кошта на радарот на Барса

Photo: IHF

Откако се чини стана јасно дека Дика Мем ќе замине од Барса во 2027 и ќе им се приклучи на Матијас Гидсел и Симон Питлик во Фуксе Берлин, стигна шпекулација и за следниот потег на Барса.
Франциско Кико Кошта, ракометарот на Спортинг Лисабон наводно е на врвот на листата на желби на Барса. Тој заедно со неговиот две години постар брат Франциско Кошта играат за Спортинг каде што тренер е нивниот татко Рикардо Кошта и каде што потпишаа договори до 2030 година.
Но...
Браќата пред две недели наводно потпишале договори и со менаџерска агенција која стои зад кариерите на фудбалските мега ѕвезди Кристијано Роналдо и Ламин Јамал.
Оттука, работите имаат тенденција да тргнат во друг правец и веќе не е за очекување дека ќе останат уште пет години во Лисабон.
Неофицијално отштетата за Кико Кошта би била околу 1 милион евра, за Мартим веројатно исто така. Ако се раздвижи ова коло и ако има доволно пари, тогаш можеби и нема да чекаме до 2027 година за овие трансфери да се реализираат.
Франциско Кико Кошта и Мартим Кошта, браќата вредни два милиони евра на ракометниот маркет, ќе ги гледаме против репрезентацијата на Македонија во второто коло од Европското првенство што ќе се игра во јануари во Данска.

Поврзани вести