На Вардар 1961 му се отвора патот и до Фајнал 4 на ЕХФ Лига!

Фото: РФМ

Заврши Групната фаза од ЕХФ Европската лига во која македонскиот вицепрвак Вардар 1961 го освои првото место во групата и се пласираше во Главната рунда од натпреварувањето. Во новата група, Вардар 1961 ќе игра со екипите на Мелзунген и Бенфика, а ги пренесува победата и поразот од дуелите со Кристијанштат. 
На новата табела, Мелзунген има четири бода, Вардар 1961 и Кристијанштат по два, а Бенфика е без бодови. 

Според актуелниот систем на натпреварување, на Вардар му се отвора патот и до Фајналфор турнирот на ЕХФ Европската лига. 
За шансите за Фајналфор да станат реални, Вардар 1961 мора да биде прв или втор во групата од Главната рунда. Така за противник во Плејоф ќе го добие третопласираниот тим од групата 4, но најбитно е што би ги избегнал германските екипи (Кил или Флензбург) и би играл против победникот во групата во која се наоѓаат многу послаби екипи.

Следните четири нивоа на ЕХФ Европската лига се следниве:
Групна фаза
Плејоф
1/4 финале
Фајналфор

ГРУПНА ФАЗА
Вардар 1961 ќе игра во групата со Мелзунген, Бенфика и Кристијанштат. Три екипи од оваа група ќе продолжат во Плејоф натпреварувањето. Вардар од старт има големи шанси да биде меѓу тие три екипи затоа што има подобар меѓусебен скор од екипата на Кристијанштат. 
Првопласираната екипа од групата ќе оди директно во 1/4 финале.
Второпласираната екипа ќе игра Плејоф против третопласираната екипа од групата 4 (Хановер, Фредериција, Нексе, Кадетен). Победникот од овој меч во 1/4 финалето ќе игра против победникот од групата 2. (Архус, Гранољерс, Порто, Елверум).
Третопласираната екипа од групата ќе игра Плејоф против второпласираната од групата 4 (Хановер, Фредериција, Нексе, Кадетен). Победникот од овој меч во 1/4 финалето ќе игра против победникот од групата 1. (Кил, Флензбург, Монпеље, Бидасоа).

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
ГЛАВНА РУНДА 
ГРУПА „1“: ФЛЕНЗБУРГ (4), КИЛ (4), МОНПЕЉЕ (0), БИДАСОА (0)
ГРУПА „2“: АРХУС (2), ГРАНОЉЕРС (2), ПОРТО (2), ЕЛВЕРУМ (2)
ГРУПА „3“: МЕЛЗУНГЕН (4), ВАРДАР (2), КРИСТИЈАНШТАТ (2), БЕНФИКА (0)
ГРУПА „4“: ХАНОВЕР (2), ФРЕДЕРИЦИЈА (2), НЕКСЕ (2), КАДЕТЕН (2)

Поврзани вести