ТОП ВЕСТИ: Имре од Кил оди во Веспрем, Миклер нема да игра на ЕП...

Photo: IHF

 Шведскиот талент Аксел Мансон, 20 годишниот ракометар на Кристијанштат кој му даде 22 гола на два натпревари на Вардар 1961 стана еден од најбараните млади ракометари во моментов. Тој на лето заминува од клубот, а отштетата за него е само околу 15-20.000 евра.
Екипата на Хој од Данска која веќе ги ангажираше голманот Јаник Грин од ПСЖ и Ласе Андерсон од Берлин се споменува како најсериозен кандидат за услугите на овој вонсериски ракометар.

⇒ Официјално е потврден е трансферот на унгарското крило Бенце Имре. Младиот унгарски ракометар заминува од Кил и се враќа во својата земја каде што во следните четири години ќе го носи дресот на Веспрем.

⇒ И покрај многуте најави, желби и молби, унгарскиот голман на ПИК Сегед, Роланд Миклер остана на својот став дека е во репрезентативна пензија и не е во комбинација за настап на ЕП.

⇒ Наспроти Роланд Миклер, селекторот на Данска, Николај Јакобсен на поширокиот список го има и Никлас Ландин, иако тој објави дека нема да брани повеќе за репрезентацијата.

⇒ Поранешниот ракометар на Е. Пелистер, кубанскиот бек Рение Табоада ќе настапи на ЕП 2026 во дресот на репрезентацијата на Холандија.
 

Поврзани вести