Фото: THF/RFM
Женската репрезентација на Македонија е победник на меѓународниот турнир што се одржа во Турција, една од земјите што ќе биде домаќин на следното Европско првенство.
Македонија беше гостин во Турција, а на турнирот учествуваа уште и репрезентациите на Словенија и Словачка, која исто како и Турција ќе биде домаќин на следното ЕП, во 2026.
Македонија во првото коло славеше победа над Турција od 29-26 во второто одигра нерешено со Словенија (23-23), а денеска во третото коло беше подобра од репрезентацијата на Словачка (26-24).
Македонија го освои првото место со две победи и еден нерешен меч пред Словачка која имаше две победи и пораз, додека за третото место ќе играат денеска репрезентациите на Турција и Словенија.