СП 2025: Шведска комплетираше фијаско, денеска дерби во Холандија

Photo: IHF

Денеска завршува Главната фаза на Светското првенство во женска конкуренција што се одржува Германија и Холандија. Сѐ помалку неодговорени прашања има на мундијалот, а веќе и се сумираат впечатоци од досега виденото со оглед на тоа дека за најголемиот дел од екипите мундијалот е веќе завршен.

Франција и Холандија ќе играат меч за првото место во групата, денеска со почеток од 20:30 часот, а средбата ќе биде пренесувана на ТВ Арена Спорт 3.
Победникот од овој меч ќе игра со Унгарија во 1/4 финалето, поразениот ќе игра со Данска.
Другите два 1/4 финални натпревари се Норвешка – Црна Гора, Бразил – Германија. Овие две средби ќе се играат утре.

Мундијалот заврши за многу репрезентации, меѓу нив и за репрезентацијата на Шведска која заедно со Хрватска се најсериозните кандидати да го понесат епитетот најголемо мундијалско разочарување.
Хрватска не ја мина ни Прелиминарната рунда и сега игра во Президент Куп.

Сонот на Шведска за ново полуфинале се распрсна по двата пораза од Бразил и Норвешка, а потоа го комплетираа фијаското со пораз од Ангола.
Шведска во најдобар случај сега ќе биде пласирана на 13 место што е израмнување на нивниот најслаб пласман во историјата од 1990 и 2009 година.




 

Поврзани вести