ТОП ВЕСТИ: Лос Анџелес доведе нова ѕвезда, голманска вртелешка низ Европа...

Photo: Los Angeles Handball Team (cropped image)

Американската екипа Лос Анџелес Хендбал состави сосема солиден тим дури и за европски стандарди. Откако ги доведоа Виран Морос, Домагој Сршен, Дру Данлин, Мошен Бабасафари и тренерот Франк Карстенс, новото име со кое се пофалија е Тобијас Рајхман. Овој 37 годишен играч во кариерата меѓудругото има играно и за Кил, Келце, Мелзунген, РНЛ и Фуксе Берлин.

Роберто Гарсија Парондо ќе го има на располагање данскиот талент Николај Ендерлеит уште најмалку две години откако Данецот и покрај бројните понуди реши да ја продолжи верноста кон Мелзунген. Ќе имаме шaнса да го гледаме и во живо во Скопје, во февруари, на дуелите од ЕХФ Лига со Вардар 1961.

По само една сезона во дресот на Висла Плоцк, норвешкиот голман Торборн Бергеруд би можел да си замине од Полска и да оди во Бундеслигата.
Фуксе Берлин активно бара замена за некогашниот вардарец Дејан Милосављев кој ќе се пресели во Келце и норвешкиот репрезентативец за кого ќе треба да платат и отштета е засега една од опциите.

Доколку се реализира трансферот на Бергеруд во Берлин, тогаш Флензбург ќе ја добие трката за голманот на Монпеље и репрезентацијата на Франција, Шарл Болсанже.

Се повеќе играчи се на списокот на потенцијални заминувања од романскиот шампион Динамо Букурешт. Не треба да биде чудно откако во Романија беше изгласан на ниво на парламент закон со кој во екипните спортови на терен 40% од играчите мора да бидат домашни.
Најновото име спремно за заминување е португалскиот ас Мигуел Мартинс за кого наводно е заинтересиран Лајпциг.





 

Поврзани вести